Демократската партија на Албанците (ДПА) вечерва на собир пред жителите во селото Житоше го претстави својот кандидат за градначалник на општина Долнени, Ерол Абдиу.
На собирот говореше и претседателот на партијата Мендух Тачи како и носителот на листата на советници Орхан Асани.
Обраќакќи им се на жителите на селото Житоше, кандидатот за градоначалник на ДПА Ерол Абдиу рече дека не смеат да дозволат жителите од другите места во општината, од Дебреште, Црнилиште, да им го одредуваат нивниот начин на живот и да излезат на 15 октомври да гласаат за кандидатот на ДПА.
-Како ваш сожител Житошани, не дозволувајте да бидете аргати на другите населени места во општината, како што се Дебреште, Лажани, Црнилиште, туку сами изборете се за својт начин на живот. Гласајте за вашиот кандидат, Ерол Абдиу и не отстапувајте од тоа. Ве молам на 15 октомври излезете и гласајте. Дотогаш, секој жител на Житоше ќе биде посетен, а и вие од врата на врата, од куќа на куќа барајте поддршка за вашиот кандидат. Не смеете да ја испуштите оваа можност која се нуди еднаш во 50 години. Затоа на 15 октомври со победничка тупаница, гласајте за бројот 15, рече Абдиу.
Претседателот на ДПА, Мендух Тачи порача дека ДПА не е националистичка партија.
– Браќа Турци, Бошњаци и други не ги слушајте оние кои велат дека ДПА е националистичка партија. Нашата паритја е национална партија на Албанците и се бори за нивните права, но во исто време ви ветувам, дека се бориме и за вашите права. За тоа прашајте ги жителите на општина Студеничани и колку се тие задоволни од досегашниот градоначалник. Пратете директна порака до сите ваши сограѓани да гласаат за нас, затоа што ако гласаат за другите партии од македонскиот блок ќе ви речат дека не сте нивни. Ве повикувам да гласате за албанските партии. Посебно ви велам да гласате за кандидатот за градоначалник на Долнени од ДПА, Ерол Абдиу, рече Тачи.
На жителите на Житоше им се обрати и носителот на советничката листа од оваа партија Орхан Асани кој рече дека советниците од ДПА со кандидатот за градоначалник Абдиу ќе работат на изградбата на инфраструктурата во општината и за подобрување на животот на жителите од овој плоден земјоделски крај.