Католички свештеници го обвинуваат папата за еретичко учење

Од:

Неколку десетици конзервативни католички свештеници го обвинија поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско дека шири еретички учења, што е прв таков случај уште од 1333 година.

Околу 40 потписи се наоѓале во писмото со обвинување кое му е испратено на папата Франциско на 11 август, а оттогаш го потпишале уште 22 лица.

Потписниците тврдат дека ја добиле поддршката од голем број католици. Во писмото не се вели дека папата е еретик, туку дека поддржува „еретички ставови за бракот, моралниот живот и причестувањето“.

Папата Франциско се уште не одговорил на писмото, а Ватикан одбива да коментира.

– Црковните закони бараат компетентните лица да не молчат додека пастирите лошо го водат стадото, наведуваат конзервативните католици во писмото.

Тие најмногу му забележуваат на папата бидејќи сака да им дозволи причест на разведените и повторно венчаните лица.

Иако такво обвинување против папа не е покренато речиси 700 години, историчарите тврдат дека неговата сериозност е незначајна, бидејќи потписниците се луѓе кои веќе имале судир со католичката црква.

Папата Франциско е често критикуван од конзервативците бидејќи планира да воведе реформи во Католичката црква и има многу поблаги ставови кон некои прашања од своите претходници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

ВИДЕО: Зеленски се сретна со папата

Ана Ололовска