Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски уште во првото коло го заврши својот настап на ИТФ фјучрс турнирирот во Тунис што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.
Јотовски кој беше шести носител на турнирот загуби од францускиот тенисер Лоран Рошете со 2:0 во сетови, во мечкој траеше 1 час и 15 минути.
Иако нашиот тенисер го започна мечот со бреј уште во првиот гем, сепак во продолжението Французинот ја наметна својата игра, па па освои три гема на сервис на Јотовски, а сетот го доби со убедливи 6-1.
Речиси идентично се одвиваа работите и во вториот сет во кој Јотовски поведе спо 1-0, но Рошет направи бреј во третиот и петиот гем, па сетот го доби со 6-2.
За Јотовски сега преостанува настапот во во игра на двојки, каде заедно со Горан Марковиќ од Србија се рангирани како четврти носители, а во 1.коло ќе играат против Босанецот, Дарко Бојановиќ и Андреј Чепелев од Русија.