Бочварски: Во првите 100 дена Балканска ќе добие вода за пиење

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски денеска на прес-конференција во штипската приградска населба Балканска најави дека по промената на локалната власт во првите сто дена жителите ќе добијат квалитетна вода за пиење од штипската филтер-станица.

– Населените места Чардалкија, Балканска и Македонка во моментов немаат здрава вода за пиење. Новата водоводна линија од препумпната станица Баби до овие населби на граѓаните ќе им обезбеди чиста и здрава вода за пиење. Веднаш по промената на локалната власт, во првите 100 дена, Балканска ќе добие вода за пиење. Во првата фаза се планира изградба на транзитна линија до населба Балканска во должина од 1.500 метри и секундарни водоводни краци низ населбата. Во втората фаза транзитна линија до населба Чардаклија и крак за работна зона Македонка. Во трета фаза крак за населба Македонка, рече Бочварски.

Тој истакна дека со реализацијата на овој проект над 2000 граѓани на овие населени места ќе добијат чиста и здрава вода за пиење, а водоснабдувањето на индустриската зона на поранешниот комбинат „Македонка“ ќе се реши трајно и граѓаните, како што рече, нема да бидат изложени на ризик од заразни болести.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он