Марин: Рамномерен развој и соодветна инфраструктура во општина Аеродром

Од:

Бројот на жители во општина Аеродром е значително зголемен во последните осум години. Една од основните обврски на локалната самоуправа е да овозможи рамномерен развој, соодветна инфраструктура и непречено движење за сите свои граѓани, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник во општина Аеродром од СДСМ.

Во таа насока, најави интензивирање на соработката со Град Скопје за брзо завршување на започнатата изведба на бул. „Трета македонска Бригада“.

– Ќе изградиме кружен тек за регулирање на сообраќајот на прометните сообраќајници. Ќе отвориме нови коридори со продолжување на булеварите „Февруарски поход“ и „АСНОМ“ и ќе изградиме два нови моста. Ќе ја поврземе општина Аеродром со Кисела Вода, со нова сообраќајница на потегот од фабриката „Раде Кончар “‒ населба „11-ти Октомври“, истакна Марин.

Мартин кажа дека водоводот и канализацијата во втората деценија на 21 век сѐ уште се акутни проблеми во Општина Аеродром.

– Честите прекини на водоснабдувањето во долги временски периоди, се сериозен проблем за граѓаните. Во соработка со Градот Скопје ќе ја замениме на водоводна мрежа, која во некои делови на општината е стара и повеќе од 50 години, истакна Марин.

Најави дека инфраструктурата ќе се развива рамномерно во сите делови на општина Аеродром.

– Ќе се постави функционална фекална и атмосферска канализација. Посебен фокус ќе ставиме на велосипедските патеки кои во моментв ги има само на главните улици. Ќе направиме функционална велосипедска мрежа, истакна Марин.

Од 15 октомври, како што рече, ќе градат одговорно, квалитетно и домаќински.

– Ќе направиме инфраструктура која ќе биде во функција на потребите на граѓаните. За подобар квалитет на живот во општина Аеродром, рече Марин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски