МОН: Студентите да ги завршат студиите согласно условите под кои се запишале

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека во изминатиот период примило голем број поплаки од студенти кои биле запишани на дисперзирани студии во Скопје при Државниот универзитет во Тетово, на кои им било кажано дека наставата треба да продолжат да ја следат на матичните факултети на ДУТ, а не на дисперзираните студии во Скопје како што е првично предвидено со конкурсот за упис и склучените договори за студирање.

– Потсетуваме дека универзитетите на кои наставата се одвива на дисперзирани студии, со конкурсот за упис и склучените договори за студирање се обврзуваат да им овозможат на студентите да студираат на овие студии. Менувањето на условите за студирање откако се започнати студиите, спротивно на волјата на студентите, значи непочитување на склучениот договор. Универзитетите треба да им овозможат на студентите да ги завршат своите студии согласно условите под кои тие се запишале, соопшти МОН.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови