Алексоски во Тетово ретстави план за подобрување на инфраструктурата

Од:

Носителот на советничката листа на СДСМ за општина Тетово Живе Алексоски, заедно со дел од кандидатите за советници денеска на прес-конференција пред Центарот за култура Иљо Антески Смок во Тетово го претставија нивниот план за подобрување на целата урбана и рурална инфраструктура во општината.

– Градиме по план – инфраструктура за сите. Градиме одговорно, квалитетно и домаќински за да го подобриме животот на сите. Во нашите планови се вклучени проекти за обнова на патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта и спортски терени. Нудиме решение за проблемот со регионалната депонија, чиста вода за пиење, регулирање на сообраќајниот метеж со пробивање на нови улици и патишта и регулирање на проблемот со паркинг простор, конечно решение на просторниот проблем со тетовската гимназија, уредување на градските гробишта и доизградба на градската капела, нова градинка во Тетово, изградба на шеталиште, зелени површини на повеќе места низ градот и чистење и регулирање на речното корито на Пена, рече Алексовски.

Во рамките на денешните активности Алексовски со дел од кандидатите за советници во попладневните часови ќе се сретнат со спортски работници како и претставници од повеќе планинарски и риболовни друштва што делуваат во Тетово.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски