Трајковски: Уште еден мандат за уште подобрo образование во Дебрца

Од:

Игор Трајковски, кандидат за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДМПНЕ, денеска во селото Оровник одржа прес-конференција на која ги презентираше реализираните проекти во областа на образованието во текот на неговиот се уште актуелен градоначалнички мандат.

Трајковски преку медиумите ги потсети жителите на Дебрца на реализираните проекти како изградбата на монтажно основно училиште во Волино, реконструкцијата на основните училишта во Требеништа, Оровник и во Лешани.

– Со мојот тим и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ денеска со кренати глави стоиме пред вас и бараме уште еднаш да ја покажете вашата доверба кон нас. А таа доверба не ја бараме само напразно туку ја бараме врз основа на се она што го имаме направено за Општина Дебрца, а верувајте ќе направиме уште повеќе, рече Трајковски.

Тој најави дека доколку ја добие довербата за уште еден мандат ќе изврши инфраструктурни зафати за уредување на дворовите, игралиштата, системите за греење, столаријата на училиштата во Оровник, Требеништа, Волино, Мешеишта, Ботун, Белчишта, Лешани, Велмеј, Издеглавје, нивно опремување со училишни кабинети, како и стипендии за најдобрите 20 ученици.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ