Фудбалерите на Челзи, денеска во рамките на 20.коло на Премиер лигата, гостуваат во Ливерпул кај Евертон, а со евентуален триумф ќе се вратат на третото место на табелата. Но и нивниот денешен домаќин има свои сметки и ако победи може да го мине Челзи на табелата. Почетокот на натпреварот е во 14 часот и 30 минути.
На вториот натпревар денеска, во 17 часот во Лондон играат Квинс Парк Ренџерс и Ливерпул.
Во одлична и ефикасна игра фудбалерите на Арсенал вчеравечер го совладаа Њукасл со 7:3 , а хет-трик постигна Тео Волкот.
Преглед на резултатите на досега завршените натпревари од 20.коло: Сандерленд – Тотенхем 1:2, Стоук – Саутемптон 3:3, Рединг – Вест Хем 1:0, Норвич – Манчестер Сити 3:4, Манчестер Јунајтед – Вест Бромвич Албион 2:0, Фулам – Свонси 1:2 и Астон Вила – Виган 0:3.
Табела: Манчестер Јунајтед 49 бодови, Манчестер Сити 42, Тотенхем 36, Челзи 35, Арсенал 33,Евертон 33, ВБА 33,…