Стојаноски: Потребите на секој граѓанин врвен приоритет, корисна инфраструктура за сите

Од:

Охриѓани не заслужуваат поплавени улици, колектор кој го загадува езерото, не заслужуваат во 21 век приградски населби кои немаат вода за пиење и пристојни улици. Оттаму потребите на секој граѓанин се од најголема важност, а општините се тука да обезбедат соодветна, здрава и корисна инфраструктура за сите. Тоа денеска го истакна Јован Стојаноски, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ.

Стојаноски посочи дека планирано е во неговиот мандат да се санира и доврши колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро, нова канализациска мрежа, но и санација на старата која ги поплавувува улиците и го загадува езерото.

– За подобрување на функционалноста на колекторот имаме сигурен и отворен пријател во Владата, која веќе ги направи првите чекори за пронаоѓање партнери што ги се зафатиле со тој проект, рече Стојаноски.

Тој уште ја посочи посветноста поеднакво и на урбаните и на приградските средини бидејќи интенција е создавање општина што ќе ги намали разликите меѓу нив, со понуда на решенија во водоснабдувањето, патната инфраструктура, фабрика за третман на отпадот, но и гасификација на градот со што ќе се придонесе за заштеди во буџетот на секое семејство.

Би можело да ве интересира

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто