Коцевски: „За живот во Велес“ значи и инфраструктура во градот за сите

Од:

Велес да биде убава, посакувана и перспективна општина, им порача кандидатот за градоначалник на Општина Велес од СДСМ Аце Коцевски на своите сограѓани од кои, како што рече, очекува голема поддршка за да ја направи нивната општина европска и со високи вредности.

Тој на велешани им појасни дека паролата „За живот во Велес“ значи и инфраструктура во градот за сите.

– Ја приспособуваме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните, нови планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа, намалување на разликите помеѓу градските и селските средини… , рече Коцевски.

Доколку го добие мандатот да ја води општината Коцевски вети дека Велес ќе биде отворен за граѓаните за навремени, квалитетни и евтини услуги. Ќе воведе, рече тој, електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село. Коцевски се обврза дека ќе го гасифицира Велес, дека ќе го регулира речното корито на Вардар, изградба на колекторски систем и пречистителна станица за отпадни фекални води во велес, градски паркинзи над железничките пруги, мали хидроцентрали, катни гаражи…

Би можело да ве интересира

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје

Мицкоски: Резултатите на локалните избори ќе покажат чија политичка реторика е исправна

Гаши локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС