Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери Ивица Коневски денеска во Мичурин најави дека и во наредните четири години ќе продолжи проектот за промена на дотраените и оштетени фасади во најстарата населба во општината.
– Проектот за промена на дотраените и оштетени фасади, што го почнавме минатата година, планираме да го продолжиме се додека не се променат фасадите на сите оштетени згради во Мичурин. Ќе ги реконструираме санитариите во ОУ „Блаже Коневски“, фудбалското и кошаркарското игралиште во ова училиште, а пред влезот ќе поставиме хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на децата, рече Коневски на денешната прес-конференција.
Тој најави дека во Мичурин ќе се реконструираат оштетените улици, ќе се градат нови пешачки патеки и тротоари и ќе се постави ново јавно осветлување.