Средба на претставници од ВМРО-ДПМНЕ со висока делегација од унгарската ФИДЕС на Орбан

Од:

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски и членовите на Извршниот комитет Никола Попоски, и Александар Николоски денес оствари средба со висока делегација на владеачката унгарска партија ФИДЕС составена од Гергеј Гулијаш потпретседател на ФИДЕС, Жолт Немет потпретседател на пратеничката група на ФИДЕС, Габер Кубатов национален директор на ФИДЕС, Габор Добош секретар за меѓународна соработка на Фидес, Андраш Ласлов, Адам Хернади, Жолт Домне членови на раководството на Фидес,Петра Гилиќ и Силвестер Тарваш политички советници на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На средбата се разговарало за развивање на меѓусебната соработка, за актуелната политичка состојба и стратешките интереси на државата.

Од страна на раководството на Фидес била дадена безрезервна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и посакан успех на престојните локални избори. Од таму истакнале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја има поддршката на ФИДЕС и во рамките на семејството на Европската народна партија, а ВМРО-ДПМНЕ е партија која ги застапува европските интереси во државата. Посочија дека Македонија и Унгарија споделуваат слични предизвици, како што е проблемот со мигранти за што Македонија имаше активна улога во справувањето со овој предизвик особено кога државата беше предводена од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие посочија дека потребно е враќање на државата на патеките на напредокот и успехот, а ВМРО-ДПМНЕ има визија и план тоа да го направи.

Соговорниците се сложија за дополнително интензивирање на соработката во полињата од взаемен интерес.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Со што и за што го држи Бугарија раководството на СДСМ

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Неспособноста на Филипче и СДС се покажа во ковид кризата

ВМРО-ДПМНЕ: Како Заев стигнал до златна виза во Дубаи?