Кривична за градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски

Од:

Полицијата поднесене кривична пријава против градоначалникот на Крива Паланка Арсенчо Алексовски кој се сомничи за злоупотреба на службената должност, односно за непочитување на Договорот склучен со АД „Пролетер“ за превоз на ученици.

Кривични пријави за злоупотреба на должноста и непочитување на овој Договор се поднесени и против директорот на Основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Крива Паланка Д.Р. (58), како и против претседавачот на Советот на Општината Б.С. (38).

Тројцата се товарат за неизвршување на својата службена должност со што им овозможиле на родители на ученици од улицата „Единство“ и местото викано „Лепојки“ да стекнат 277.120 денари имотна корист.

Од февруари 2014 година до 10 јуни 2017 година Д.Р. во својство на директор на ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка, А.А. во својство на градоначалник и Б.С. во својство на претседавач на Советот, по претходно спроведена отворена постапка за доделување договор за јавна набавка (превоз на ученици), склучиле Договор со избраниот најповолен понудувач АД „Пролетер“ од село Конопница, во кој било предвидено квалитативна контрола на училишниот превоз да врши набавувачот – Општина Крива Паланка преку овластено лице од директорот на ООУ „Јоаким Крчовски“ и преку овластен инспектор за патен сообраќај, како и од Комисија формирана од членови на Општина Крива Паланка и претставници од образовните установи.

Но, пријавените не постапиле согласно Договорот. Не била формирана ниту една комисија, не била извршена ниту една контрола, не бил назначен инспектор за патен сообраќај, не бил изготвен ниту еден записник, а превозот на ученици се одвивал без да бидат исполнети законските услови – местото на живеење на учениците не било оддалечено најмалку два километра од најблиското основно училиште т.е. живееле поблиску и користеле бесплатен превоз.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски