Ристески: Приоритети се нови инвестиции, работни места, инфраструктура

Од:

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Марјан Ристески, заедно со кадидатот за носител на советничката листа Петар Ристески и кандидатите за советници, денеска одржа прес-конференција во центарот на гардот пред споменикот на Методија Андонов Ченто.

Ристески рече дека за 12 години многу е направо на Прилеп и вети дека ќе продолжи со заложбите Прилеп да биде современ и убав град за живеење. Прироитет, рече Ристески, ќе биде зголемувањето на можностите за вработуање, привлекување странски инвестиции и нови проекти во сите сегменти од секојдневното живеење.

– Како локална самоуправа прироритет ќе биде продолжувањето на инвестирањето во индустриските зони, привлекување домашни и странски инвеститори, максимално намалување на невработеноста во градот, инфраструктурно средување на Прилеп, како што беше и досега, за да прерасне во уште помодерен град. Континуирано да се инвестира во образованието, во културни, спортски објекти и манифестации. Нема да изостанат ниту инвестициите во населените места, односно, ќе имаме дисперзирано инвестирање како што беше досега, со цел да ги изедначиме условите за живеење – и во градот, и во населените места. Тоа ќе бидат главните приоритети на староновата локална самоуправа и градоначалник, рече кандидатот за градоначалник Марјан Ристески.

За кандидатот-носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески, не е сеедно кој ќе зборува во името на граѓаните, зашто должноста на советот, рече тој, е да ги заштитува интересите на граѓаните, а не да ги раководи нивните животи и на Прилеп му е потребен тим од чесни граѓани и родољуби.

– Тимот од 27 кандидати за советници на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е вистинскиот да ја оствари визијата Прилеп да биде успешна и приоритетна општина. Нашиот тим нема да дозволи општината да биде камп за бегалци; нема да дозволи да запрат развојот на општината, новите инвестиции и новите работни места. Нашиот тим е спој од искуство, знаење, синергија и визионерство. По победата на 15 октомври Прилеп ќе го задржи успешно курсот на напредокот и развојот. И затоа од прилепчани отворено ја бараме поддршката да продолжиме да го градиме животот во Прилеп, рече кандидатот за носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Петар Ристески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски