Бејта најави изградба нов плоштад во центарот на градот

Од:

Невзат Бејта, кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од ДУИ придружуван од кандидати за членови на советот официјално ја започна предизборната кампања од градскиот плоштад.

– Тука на ова место го презентираме еден од главните проекти кои се дел од програмата која ќе ја реализираме во перидот 2017-2021. Планирано е да изградиме нов и модерен плоштад со кој гостиварци ќе се гордеат и ќе биде најубаво уреден центар пошироко во регионот. Имаме идејно решение, со кое се опфатени плоштадот и околината, рече Бејта.

Кандидатот за градоначалник од ДУИ, во текот на денот ќе има средба и со граѓаните на населбите Џамиџит Маало и Ново Маало на кои ќе ги презентира проектите за овие делови од градот.

Би можело да ве интересира

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски