Ангеловски го врати Адеми во репрезентацијата

Од:

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски одбра 23 фудбалери за двата последни натпревари од квалификациите за СП 2018 година во Русија. Македонија на 6 октомври ќе и гостува на Италија во Торино, а три дена подоцна (9 октомври) против Лихтенштајн ќе биде домаќин во Струмица.

По подолга пауза поради суспензијата од УЕФА заради допинг, во репрезентацијата се враќа Аријан Адеми. Ангеловски на располагање ќе го има и Ферхан Хасани, а во однос на последниот дуел ќе недостасуваат Давид Бабунски и голманот Дејан Илиев.

Повик од селекторот добија:

Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон и Дамјан Шишковски;

Одбрана: Стефан Ристовски, Кире Ристевски, Кристијан Тошевски, Дарко Велковски, Ѓоко Зајков и Висар Муслиу;

Среден ред: Стефан Спировски, Езџан Алиоски, Енис Барди, Никола Ѓорѓев, Љупчо Дориев, Бобан Николов, Елиф Елмаз и Аријан Адеми;

Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Ферхан Хасани, Александар Трајковски, Иван Тричковски, и Марјан Радески.

Првиот собир е закажан за 28 август во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска