СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже дека странски инвеститори планираат да заминат од земјата

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Соња Гелова -Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешното управување на финансиите од страна на Владата предводена од СДСМ и затоа секојдневно шири лажни вести. Граѓаните можат да бидат спокојни, економијата се движи напред.

ВМРО-ДПМНЕ лаже дека странски инвеститори планираат да заминат од земјата, интересот за инвестирање во земјава се зголемува. Со новиот План за економски раст се обезбедува стабилна бизнис клима за трајни и долгорочни инвестиции.

ВМРО-ДПМНЕ, единствената партија која не плаќа данок, лаже дека платите се намалуваат. Вистината е дека просечната нето плата во месеците јуни и јули 2017 година се зголемила за 2% во однос на истиот период, минатата година!

Очигледно е, во ВМРО-ДПМНЕ се исплашени од изборниот пораз“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски