(ВИДЕО) Груевски: Да шириме позитивна енергија, не се откажувајте од луѓето на кои им верувате

Од:

Субвенции, автопатишта, социјална политика, пензии, сиромаштија, плати, образование, штедење енергија, нови закони, гасни електрани, ветерници. Повеќе од еден час лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски го презентираше документот „Новата ера“ со планови за наредната декада за Македонија.

Најавувам жестока борба против криминалот и корупцијата, судиите треба да бидат независни и непристрасни. Полицијата треба да е сервис на граѓаните. Медиумите ќе добиваат финансиска помош од државата, рече Груевски.

– Ова ќе се оствари со победа на локалните избори и барањето за одржување на предвремени парламентарни избори, рече тој.

Во време на хаотичност и неспособност излегуваме со документ, кој покажува дека тоа што го нудиме ќе го исполниме. Нашата битка е да се живее достоинствен живот, да се подобри животниот стандард, работиме да ги решаваме проблемите на луѓето.

Пред нас се локалните избори, со пенкалото се одлучува за судбината на твоето место, општина и земја. Еден ден многумина од вас ќе се прашуваат дали го направивте вистинскиот избор рече тој и се обрати до членството:

-Никогаш не се предавајте да го правите она што е најправедно за вашата држава. Не се откажувајте од луѓето на кои им верувате. Колку и да се обидува овој новосоздаден систем да те убеди дека не можеш, толку треба да туркаш напред. Денеска секој од нас започнува нова битка.

Имајте ја самодовербата да говорите за вашите соништа. Вечерва не ги спомнав нашите политички опоненти, народот очекува проекти и да шириме позитивна енергија. Позитивна порака, гордо одиме напред, нека ечи од сите нас, кон победа на овие избори, кон предвремени парламентарни избори, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемена поддршка за младите со Оперативниот план за вработување за 2026 година

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%