Препорака од Комисијата за заштита од дискриминација за слободата на вероисповед

Од:

Комисијата за заштита од дискриминација, по примена информација дека на ученици во основно училиште во Охрид делумно им било скратено правото на образование поради нивната вероисповед, укажува дека ограничувањето на носење верски симболи во училиштата претставува форма на дискриминација по основ на вероисповед.

– Слободата на вероисповест се манифестира на различни форми, меѓу кои е и носењето на верски симболи (religious insignia). Ограничувањето на носење на верски симболи во училиштата за припадниците на било која религија предвидена во Уставот на РМ, претставува форма на дискриминација по основ на вероисповест. Се разбира, Комисијата е свесна дека слободата на вероисповест може да се ограничи, меѓутоа ограничувањата мора да бидат предвидени со правото (закон или подзаконски акти), и мора да се неопходни за заштита на јавната безбедност, јавниот ред, јавното здравје, моралот или правата и слободите на другите (Меѓународен пакт за граѓански и политички права, член 18, став3; Европска конвенција за човековите права, член 9, став 2), се вели во соопштението.

Комисијата за заштита од дискриминација препорачува образовните институции да ги почитуваат подеднакво правата на учениците и студентите и ги повикува институциите да ги преземат сите неопходни законски мерки со цел еднаков третман на учениците и студентите, без разлика на нивното верско убедување.

Од Комисијата препорачуваат лицата кои сметаат дека се дискриминирани во нивните права по било кој основ, вклучувајќи ја и религијата и верското уверување, да покренат постапки пред судовите и надлежните институции, вклучувајќи ја и Комисијата за заштита од дискриминација.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице