СДСМ: Просечната плата во јуни и јули е зголемена за 2 отсто во однос на истиот период минатата година

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продожува да ја манипулира јавноста и да шири лажни вести.

Лага е дека просечната плата се намалува.

Споредбата на просечната плата се прави на годишно ниво, а не на месечно ниво како што прави ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека просечната нето плата во месеците јуни и јули 2017 година се зголемила за 2% во однос на истиот период, минатата година!

ВМРО-ДПМНЕ манипулира со весели безмислени комбинаторики и со некакви споредби на месечно ниво. Во периодот мај и јуни карактеристични се сознските движења на работната сила.

Никој повеќе не верува во лагите на најбогатата партија ВМРО-ДПМНЕ неплаќач на данок чијашто криминална ера на владеење заврши“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата