Премирката на Бангладеш, Шеик Хасинана Вазед повика од Генералното собрание на ООН за испраќање мисија на Светската организација во Мјанмар за формирање зони за безбедност под заштита на ООН за да може Рохинџите да се вратат во Бангладеш.
Таа рече дека во државата во моментот има 800.000 Рохинџи и ја повика Мјанмар да стави крај на етничкото чистење.
Истовремено, премиерката на Бангладеш ги осуди појавите на насилен екстремизам. Упати и критики за поставувањето на противпешадиски мини на границата на Мјанмар со Бангладеш од мјанмарските власти за да се спречи враќање на Рохинџите.