Ванг Ји: Преговорите се единствено решение за севернокорејската криза

Од:

Кина смета дека преговорите остануваат единствен начин за решавање на кризата околу Северна Кореја, изјави синоќа кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

– Се уште има надеж за мир и не смееме да се предадеме. Преговорите се единствен излез и тие ги заслужуваат сите напори, изјави Ванг на заседанието во Њујорк.

Тој ја повика и Северна Кореја да се откаже од „опасниот пат“ по кој оди и апелираше за целосно и неповратно ослобдување на Корејскиот Полуостров од нуклеарното оружје.

– Надежта за мир останува, порача шефот на кинеската дипломатија, повикувајќи ги САД и Северна Кореја да седнат на преговарачка маса.

Повикот на Ванг уследи само два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп во обраќањето пред Генералното собрание на ОН се закани со „целосно уништување“ на Севрна Кореја, ако таа ги загрози САД или некои од нивните сојузници.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36