Санџачката лига го осуди насилството во Собранието

Од:

„Овие денови сите ние сме сведоци на случувањата во Република Македонија. Народот е свесен дека само за овие неколку дена се скршени многу етички и законски загарантирани права кои требаа да ги штитат медиумите, пратениците и граѓаните. Овие тоталитаристички постапки на оваа власт не се ниту допустливи, ниту оправдани. За сите овие постапки ќе мораат да поднесат одговорност. Секој потег во животот носи некоја последица и за тие последици мораме претходно да размислиме, затоа што народот не е должен да ги сноси последиците и товарот од овој режим“, вели во писмо испратено до медиумите претседателот на партијата Санџачка лига, Сафет Хајровиќ.

Санџачка лига како партија на Бошњаците во Република Македонија остро го осудува секој чин на оваа власт и нема да дозволи да бидат газени правата на граѓаните, правата на избраниците на граѓаните и правата на медиумите кои се дрско прицврстени во стегите на власта. Бошњаците во Република Македонија се познати како граѓани кои достојно градат соживот и се секогаш големи почитувачи на демократијата, а демократијата во овој момент е ускратена за сите граѓани во оваа држава и ние заедно со коалицијата „Сојуз на иднината“ ќе се бориме  за враќање на демократијата во Република Македонија.

Нашиот пратеник од редовите на партијата Санџачка лига, Г-дин Сафет Бишевац брутално беше исфрлен заедно со останатите пратеници надвор од собранието и на тој начин власта го повреди и Бошњачкиот народ кој гласаше за Г-динот Бишевац кој освен што е претставник на народот тој е исто така претставник и на Бошњаците во оваа држава. Ова отворено писмо до медиумите е осуда за секаков вид на недемокртија и цврста решителност за истрајување и борба се додека не се врати уставниот поредок и демократијата во Република Македонија.

Ние нема да дозволиме да бидеме газени и ќе се бориме за правата на Бошњаците и правата на сите граѓани во Република Македонија.

Санџачка лига има и дели слични идеологии со својот коалиционен партнер СДСМ и повикува да личните интереси не бидат побитни од чувствата и човечките морални вредности.

 

Би можело да ве интересира

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки

Собранието го донесе Законот за заем од 500 милиони евра од Унгарија

Пратениците ја почнаа расправата за заемот од Унгарија

Катерина Ѓуровски

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта го турка коруптивниот Закон за кредит од Унгарија по секоја цена

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите