Потпишан Договор за соработка на ветеринарните комори на Македонија, Србија и на Бугарија

Од:

Претседателите на ветеринарните комори на Македонија, Србија и на Сојузот на ветеринарни лекари на Бугарија вечерва во Охрид потпишаа договори за соработка, како рамка со која се уредуваат веќе постоечките одлични односи во областа.

– Потпишувањето на овие договори значи воспоставување официјализиран систем на соработка што предвидува јасни правила и обврски за размена на информации, соработка во доменот на континуирната едукација…Особено за нас е значајно што Бугарија како членка на ЕУ може директно да црпиме информации и искуства во делот на имплементација на европското законодавство. Сето тоа значи уредување на корпус на прашања што се од особена важност за нашата професија, истакна Томислав Николовски, претседател на Ветеринарната комора на Република Македонија.

Идентични се ставовите и на претседателите на коморите на Србија, Давор Шашиќ и на Бугарија, Михаил Баштавелов, кои ја нагласија потребата од интензивна соработка во областа, токму поради фактот што болестите кај животните не познаваат физички граници определени од луѓето.

Што се однесува на моменталната ситуација и актуелните предизвици исправени пред ветеринарните служби во трите земји, челниците на ветеринарните комори согласни околу опасностите што се појавуваат како последица на климатските промени, односно појавата на болести карактеристични за тропските предели што досега не се забележани во овој регион, како синиот јазик кај овците и козите, јазлестата кожа кај говедата, афричка чума кај свињите…

Сушните периоди, проследени со тропски температури се услови погодни за интензивен развој на преносителите на болести кај животните, а некои дури и опасни за здравјето на луѓето.

– Спречувањето на појави за болести треба да се бара во добро устроена и капацитетна ветеринарна служба, која врши мониторинг на теренот за брзо утврдување на болеста и да реагира. Следење на епидемиолошката ситуација во регионот, преземање соодветни мерки, како и работа на едукација на сточарите, нагласи Николовски.

Забелешка на нашите ветеринари е огромната разлика на нивниот статус во споредба со нивните колеги доктори по ветеринарна медицина во развиениот западен свет. Таквиот однос кон професијата тие го сметаат за непримерен доколку се има предвид фактот што, како што беше нагласено, примарната цел на ветеринарната професија е преку грижа за здравјето на животните да се чува здравјето на човекот.

Би можело да ве интересира

Ги уби мајка му, сестра му и тетка му, па им ги запали телата

А1он

Почина српскиот генерал и хашки осуденик Небојша Павковиќ

Сијарто: Унгарскиот МОЛ ќе ги зголеми испораките за Србија по санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Вашингтон воведе санкции за Нафтената индустрија на Србија, резерви има, но не на долг рок

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Златна треска во Бугарија: исчезна сеф со милиони и злато – приморски град под полициска опсада

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски