ВИДЕО: Донирана опрема за Одделот за гранични работи при МВР од американската амбасада

Од:

Во сите овие години наназад амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија преку Програмите за контрола на извоз и гранично обезбедување (EXBS) и за меѓународна помош и обука во кривичните истраги (ICITAP), претставува еден од најреспектабилните партнери на Министерството за внатрешни работи чија што конкретна помош и поддршка овозможи техничко, образовно, организационо и оперативно подигање на стандардите на работа на повеќе организациони единици при МВР.

Ова, меѓудругото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешното примопредавање на новата донација од страна на амбасадор на САД во РМ, Џеф Бејли, наменета за Одделот за гранични работи при МВР, а во рамки на Програмата за контрола на извоз и гранично обезбедување (EXBS).

Министерот Спасовски нагласи дека успешното менаџирање на безбедноста на границите во современиот начин на живеење, подразбира отворени, но и добро контролирани граници, каде што е возможен брз проток на материјални добра и патници, и ефикасна контрола и спречување на сите облици на илегална миграција и прекуграничен криминал.

Заблагодарувајќи се за новата донација, која што според министерот Спасовски е плод на долгогодишното партнерство и блиска соработка со американската амбасада во РМ, првиот човек на македонската полиција нагласи дека – “Со денешнава донација од страна на Амбасадата на САД на современа техничка опрема, значително ќе се подобрат оперативните капацитети на нашата гранична полиција во повеќе сегменти од граничното работење. Тоа пак ќе значи поголема функционалност и ефикасност во остварувањето на редовните работни задачи на граничната полиција.“

Американскиот амбасадор Бејли од своја страна пак истакна дека во изминативе 16 години владата на САД издвои повеќе од 20 милиони долари во опрема и обука за подобрување на квалитетот на граничната контрола и безбедност. Констатирајќи дека соработката има конкретни видливи резултати амбасадорот Бејли ги оцени како извонредни досегашните заеднички напори во насока на подобрување македонската гранична безбедност, порачувајќи дека во и наредниот период ќе продолжи партнерството како во делот на граничната безбедност така и во делот на обуката за криминалистички истраги.
Инаку денешната донација покрај техничка опрема наменета за контрола на товари и возила, се состои и во пет теренски чевороцикли кои за првпат ќе бидат во составот на граничната полиција за контрола и надзор на тешко пристапни терени на државната граница.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија