Презентирани извештаи за брза постапка за решавање спорови од мала вредност

Од:

Граѓаните и фирмите треба да ја користат брзата постапка за разрешување на предмети од мала вредност. Тоа штеди време на судот и ги ослободува судските ресурси, го намалува заостатокот и го подобрува пристапот до правдата за обичните граѓани и микро и малите претпријатија.

Ова е наведено во Извештајот за Брза постапка за решавање на спорови од мала вредност „Искуства од земјите членки на ЕУ“, што денеска беше презентиран во Скопје, а изготвен од Светска банка во соработка со Министерството за надворешни работи на Кралството Холаднија. Ова е дел од серија извештаи што ќе бидат подготвени и презентирани во земјите.

Во извештајот стои дека 75 проценти од граѓаните на ЕУ не знаат дека постои постапка за предмети од мала вредност, така што голем дел од граѓаните и деловните субјекти работат под погрешната претпоставка дека процесот ќе биде долг, а трошоците ќе бидат високи.

Малите спорови најчесто се меѓу потрошувачи и продавачи, и меѓу мали бизниси.

Според холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломб, овие спорови се значајни и за граѓаните и за фирмите.

– Идејата е дека и граѓаните и малите бизниси имаат заеднички интерес да се разрешуваат ваквите спорови на побрз начин, а судовите и инстутциите имаат придобивка од намалените трошоци, но за мене е најзаначајно дека се зголемува довербата, истакна амбасадорот Пломб.

Потенцира дека нема домаќинство кое во месецот нема да добие една комунална сметка и затоа е многу важно да има ефикасен систем на извршување на тие парични побарувања.

– Ова, посочи, особено е важно за Македонија бидејќи ревидираната Стратегија за реформа во правосудството ја идентификува и оваа област на интервенции.

Овој извештај и извештајот за ефективно извршување на неспорни парични побарувања: Лекции од Источна и од Централна Европа, е со цел да се обезбедат релевантни анализи кои ќе се користат за дизајнирање на најдобрите јавни политики, што ќе бидат корисни за сите граѓани.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Марко Мантованели посочи дека овие извештаи се поврзани со ефективното владеење на правото.

– Овде говориме за важноста на малите побарувања, што е многу важно не само за влијанието на економијата и граѓанинот, туку и на сите оние застои на работата во судовите, а исто така и на довербата на граѓантие во целиот овој систем, бидејќи тука се случува таа интеракција на наоѓање начини за правично и транспарентно процесуирање на ваквите побарувања што е од клучна важност за да имаме ефективен систем во кој ќе има доверба, истакна Мантованели.

Светозара Петковска презентирајќи го извештајот во прилог на ефективно извршувње на неспорни парични побарувања: Лексии од Источна и од Централна Европа, рече дека кога се истражува извршувањето на неспорните побарувања, се посветува особено внимание на сметките за комунални услуги, бидејќи тие претставуваат значителен дел од овие побарувања.

Потенцира дека вакви спорови со комунални претпријатија во голем број постојат во БиХ и оти во сите поранешни социјалистички земји и овие од Западен Балкан ова е проблем.

Таа појасни дека тоа произлегува од социјалниот аспект што не се исклучувала услугата и по неплатените сметки, долгиот рок на застарување на сметките каде во некои земји е три па и 10 години.

Анализата покажала дека извршувањето на сметките за комунални услуги може да оди по повеќе патеки и оти различните системи даваат задоволителни резултати, но одредени системи покажуваат поголема ефикасност.

Извештаите ќе бидат презентирани и во дугите земји од регионот.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО