Уставниот суд на Франција го отфрли данокот од 75% за високите лични примања

Од:

Уставниот суд на Франција го прогласи за неуставен делот од законот со кој се воведуваше данок од 75 процнти од високите лични примања, кои надминуваа еден милион евра годишно, јавува дописникот на МИА од Париз.

Во соопштението од Уставниот суд се наведува дека таквиот данок  не ја „признава рамноправноста на јавните давачки“ односно сите Французи се еднакви пред даночните обврски.

Уставниот суд беше свикан да се изјасни по барање на парламентарците од опозициската УМП, при што беше изменет и начинот на пресметување на начинот на плаќање на данок врз богатството.

Данокот од 75 отсто од личните примања повисоки од еден милион евра, беше едно од ветувањата на Франсоа Оланд за време на претседателската кампања, што предизвика и медиумски интересе во светот откако неколку француски богаташи одлучија да ја напуштат Франција за да избегнат да го плаќаат новиот данок.

Француската Влада веднаш по соопштувањето на одлуката на Уставниот суд, најави дека ќе предложи нов закон со кој ќе се воведе данок од 75 проценти за личните примања од над еден милион евра.

– Ќе биде претставен нов текст во рамките на идниот закон за финансии, изјави премиерот Жан-Марк Ејро.

Тој истакна дека новиот текст ќе биде во согласност со принципите поставени од Уставниот суд. Советот забележа дека овај данок кој беше укинат, се однесуваше на физички лица, а не на домаќинствата кои се основата за пресметување на данокот.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт