Македонската амбасада во САД до овој момент нема сознанија за македонски државјани погодени од земјотресот во Мексико, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.
Оттму додаваат дека македонската Амбасада во САД е во контакт со мексиканските институции за какви било нови информации.
Македонски граѓани кои евентуално се погодени од земјотресот во Мексико, можат да ја контактираат македонската амбасада во САД на следниве телефони:
00 1 202 390 7418
00 1 202 667 0501
Од МНР истакнуваат дека доколку добијат било какви дополнителни информации навремено ќе ја известат јавноста.