Музеј „Теракота“ Виница: Конзервација на арехолошки материјал од Виничко кале

Од:

Музејот „Теракота“ од Виница продолжува со активностите во делот на заштитата и конзервацијата на археолошкиот материјал пронајден во истражувањата на двата археолошки локалитети: Виничкио Кале и Коколов рид.

– Согласно утврдената програма финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија за оваа година, ни преостанува реализација на уште три значајни проекти. Деновиве се пристапи кон реализација на втората и третата фаза со покривање и оградување на објектот цистерна на Винико Кале, каде што се откриени значајни археолошки предмети. Паралелно со ова продолжуваме со реализација на проектот за конзервација на откриениот керамички материјал на археолошкиот локалитет Коколов рид, добиени во археолошките истражувања во 2015 година, како и на конзервација и струлна анализа на теракотните икони од Виничкото Кале откриени во периодот од 2008 до 2011 година, изјави Јулијана Иванова, директор на виничкиот Музеј.

Паралелено со овие активности Музејот „Теракота“ работи и на збогатување на постојните археолошки збирки со нов обработен материјал од локалитетите Коколов рид и Винилко кале и нивна презентација пред пошироката јавност.

Инаку посетеноста на Музејот и интересот за изложените експонати во него, според Иванова е голем, како од граѓани и ученици од Виница така и од посетители туристи од повеке места на државата и странство.

Би можело да ве интересира

Турскиот музеј прогласен за најдобар во светот

Врв на стрела од бронзеното време направен од материјал кој не е од оваа планета

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тенкови и хеликоптери „војуваат“ во Црвеното Море, фронтот на дното е покриен со корали

Со изложба одбележан Денот на музеите во Штип

Ана Ололовска

Бесплатен влез во МСУ – Скопје по повод Светскиот ден на културното наследство

Ана Ололовска

Бесплатен влез во музеите и археолошките локалитети

Ана Ололовска