Шишковски: Против Победа, да ја оствариме првата победа

Од:

Екипата на Работнички попладнево гостува во Прилеп кај Победа во рамките на шестото коло од Првата македонска фудбалска лига. По поразот од Шкендија, во таборот на „романтичарите“ се решени да ја извојуваат првата победа и конечно да го освојат целиот плен на еден натпревар оваа сезона.

Голманот Дамјан Шишковски верува дека ќе дојдат и радосни моменти за Работнички.

– Не можеме да се пофалиме со добар старт на оваа сезона, но малку недостига за да се свртат работите. Затоа тренираме напорно, и веруваме дека токму утре, на мечот против Победа можеме да стигнеме до првата победа. Ќе биде тешко, теренот на Могила е посебно тежок за играње, но ние немаме друг избор освен да извлечеме максимум и да се надеваме дека ќе ги освоиме трите бода, изјави Шишковски за клупскиот сајт.

Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот и 30 минути термин за старт и на другите четири средби од оваа рунда во ПМФЛ.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска