Трет пат во последните осум години ФИФА ќе го испитува Челзи, објавија англиските медиуми. Причината е иста како и во претходните ситуации, а тоа е евентуално прекршување на правилата за трансфер на играчи до 18-годишна возраст.
Во 2009 година, на „сините“ од Лондон им беше доделена казна за забрана на трансфер пазарот во два преодни рока поради незаконски дејства околу ангажирањето на Гаел Какута. Но, после тоа, Челзи ја добија жалбата во Арбитражниот суд за спорт.
Слична казна во моментов издржува Атлетико Мадрид, а пред тоа беше санкциониран и Реал Мадрид.
Минатата година ФИФА, исто така, го испитуваше Челзи за трансферот на Бертран Траоре.
Од Светската фудбалска федерација одбиваат да коментираат се додека е во тек истрагата, а од Челзи порачаа дека сите правила на ФИФА се исполнети.