Доскоцил: На Балканот се појавуваат нови миграциски маршрути

Од:

На Балканот се појавуваат нови миграциски маршрути, изјави австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил во интервју за германскиот весник „Велт“.

– Според нашите податоци, во последно време на Балканот почнаа да се појавуваат нови маршрути, рече тој, истакнувајќи дека ова се случува откако Унгарија и Македонија „значително ги зајакнаа мерките за заштита на надворешните граници на ЕУ“.

Според него, „многу бегалци се обидуваат да стигнат до северниот дел на Европа преку Словачка, избирајќи го патот преку Романија или Бугарија“.

Доскоцил смета дека е неопходно да се создадат центри во африканските земји, како што се Мали или Нигер, каде што ќе се разгледуваат барањата за азил за европските земји. Таквите центри би можеле да бидат чувани од војска од земјите-членки на ЕУ во координација со ОН.

Министерот потсети дека речиси 20.000 нови мигранти пристигнале во Австрија оваа година, од кои 12.000 се пријавиле за азил. Според австриските власти, околу 8.000 баратели на азил во Австрија оваа година пристигнале преку Балканот, истакна Доскоцил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ