Земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтеровата скала ги погоди Окландските Острови на Нов Зеланд, соопшти американскиот Геолошки институт.
Според нивните податоци, земјотресот го погоди Нов Зеланд во 20.43 минути по локално време. Епицентарот бил на околу 550 километри југозападно од градот Блаф.
Засега нема официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета, но според податоците на американскиот Геолошки институт, има 29 отсто шанси во земјотресот да има жртви.