ВМРО-ДПМНЕ: Владата не направи никакви помрднувања на евроинтеграциите

Од:

„Иако ветуваа чуда Владата на СДС за 100 дена не направија никакво помрднување на евроинтеграциите. Единствено што направија е пазар со државните и националните интереси.

Ветуваа брз влез во НАТО и ЕУ. Тоа што ветија не го исполнија. Не само што не станавме членка на НАТО и ЕУ, туку сега се обидуваат да ги измамат граѓаните обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, односно остранување на условеноста на препораката. Да потсетам, Македонија таква препорака имаше се до моментот кога СДС одлучи да ја втурне државата во најголемата политичка криза. Сега тоа што го промовираат како успех не е ништо друго освен враќање назад кон целите кои веќе ги имаше постигнато ВМРО ДПМНЕ, и патот кој веќе беше изоден. Затоа сега се почесто слушаме изјави дека не зависи само од Македонија влезот во НАТО и ЕУ туку од објективниот проблем со името.

Одбраа политика на понижување.

Нашата надворешна политика е без никаков концепт и базирана исклучиво на рушење на достоинството на нашата држава и константно понижување“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум