Оваа фантастична комбинација на лимон со брусница ги прави овие колачиња неодоливи …
Потребно е:
2 лимона
170 гр путер
50 гр кристал шеќер
65 гр шеќер во прав
260 гр брашно
полна рака сушени брусници
Подготовка:
– Лимоните убаво измијте ги и изрендајте ја кората. Исцедете половина од едниот лимон.
– Во еден сад ставете ги путерот исецкан на коцки, кристал шеќерот и шеќерот во прав, изренданата кора од лимон и сокот од лимон. Изматете со миксер да добиете хомогена маса.
– Додадете ги брусниците и брашното и замесете тесто.
– Тестото ставете го во помала правоаголна тава претходно обложена со хартија за печење и со прсти развлечете го така што треба да излегува по 2 см на раевите на тавата.
– Ставете да се пече во загреана рерна на 170 целзиусови степени 30-40 минути, или додека да пожолтат краевите. Извадете ја тавата од рерна и оставете да се излади тестото.
– Изладениот колач исечете го на стапчиња. По желба стапчињата може да ги украсите со бело чоколадо и изрендана кора од лимон.