Честоева: СДС во културата креира хаос, несигурност и партизација

Од:

„СДС за само 100 дена од позиција на власт, создаде вистински хаос во културата. СДС го партизираше ова Министерство и ги запре сите проекти, а не отпочна ниту еден.

СДС со самото доаѓање на власт покажаа колку им значи културата, уште во првите денови на власт СДС скрати 4.5 милиони евра од буџетот наменет за унапредување на културата.

СДС скрати наменети за заштита на културното наследство, филмската продукција, доградбата на струмичкиот театар, како и за разни други инвестиции во културата.

Алаѓозоски го партизираше Министерството за култура. На местото на докажани културни работници, постави партиски потрчковци без грам кредибилитет и легитимитет. Таков е примерот со поставувањето на среднистот Стојанче Павловски за директор на националниот ансамбл „Танец“, за што беше сменет маестро Зоран Џорлев.

Алаѓозоски го преполни Министерството со таканаречените граѓански активисти како Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил и Мирослав Грчев.

Алаѓозоски ги изманипулира граѓаните. Алаѓозоски во текот на изборите ветуваше заштита на скопскиот аквадукт, конзервација на „Ангелот од Курбиново“ и заштита на локалитетот Скупи, за сега од позиција на власт око да не му трепнува за објектите од значење за културата.

СДС за 100 дена причини вистински хаос во културата и ги понижи уметниците. СДС ќе останат запаметени по заложбата за укинување на титулата „Национален уметник“, со која се вреднува трудот на уметниците – нашите врвни амбасадори на македонската култура во светот.

СДС во културата креира хаос, несигурност и партизација и затоа ќе бидат казнети на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Весела Честоева.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски