Француската Влада издаде црвено предупредување на нејзините карапски територии Гваделуп и Мартник, бидејќи тропската бура Марија се приближува кон југозападниот дел на островот.
Бурата моментно се наоѓа на околу 400 километри југоисточно од Малите Антили со брзина на ветрот од околу 100 километри на час.
Се очекува ураганот Марија денеска да мине над Мартиник, а во текот на ноќта да се придвижи кон Гваделуп, соопшти Француската метеоролошка служба.
Во соопштението се наведува дека, се очекува висината на брановите да достигне до девет метри. Во жариштето на ураганот се забалежани ветрови со брзина од 70 до 100 километри на час, а се очекува дека во регионот на Мартиник, ветрот ќе достигне брзина од 180 километри на час.
Американскиот национален центар за урагани наведе дека Марија е ураган од втора категорија, а се предвидува дека ќе искачи до трета категорија во регионот на Гваделуп.