Убедлив триумф на Шкендија на гостувањето кај Работнички

Од:

Дербито на петтото коло на Првата фудбалска лига заврши со убедлив триумф на лидерот Шкендија над Работнички со 6:2. Гостите од Тетово ја искористија предноста од играч повеќе, откако по 7 минути игра беше исклучен домашниот фудбалер Филип Дурански.

Изненадување направи повратникот во Првата лига Скопје откако со шампионот Вардар одигра нерешено, а „црвено-црните“ дуелот го завршија без исклучениот капитен Бобан Грнчаров. Без победник заврши и натпреварот Победа – Академија Пандев, додека гостински триумф „запиша“ Шкупи против Силекс.

Резултати на натпреварите од 5.коло: Скопје – Вардар 1:1, Победа – Академија Пандев 2:2, Работнички – Шкендија 2:6, Силекс – Шкупи 0:1 и Ренова – Пелистер 1:0.

Табела: Шкендија 13, Пелистер 8, Академија Пандев 8, Вардар 7,Шкупи 7, Силекс 6, Ренова 5, Победа 5, Скопје 3, Работнички 2.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска