Јакимовска: Владата го почасти вицепремиерот, земјиште на Анѓушеви од земјоделско стана градежно

Од:

„Нов ден нов скандал на Владата на СДС. Владата на СДС спротивно на закон во изборен период извршила пренамена на земјиште со цел да им овозможат на фирмите на Анѓушев да градат. Ова е нова скандалозна зделка за нови милиони на Анѓушеви. Ова е нов случај на богатење на грбот на граѓаните.

Скандалите врзани околу бизнисите на Кочо Анѓушев и Владата во која тој е вицепремиер немаат крај.

Имено Владата на седница на 29-ти август донесе одлука за пренамена на земјоделско земјиште во градежно земјиште на локација Велес, поточно катастарска општина Чашка. Со ова, земјиштето кое е во сопственост на Анѓушеви од земјоделско станало градежно и на тој начин вредноста му е покачена за најмалку десет пати.

Едноставно кажано колегите на Анѓушев во Владата го почастиле со зголемување на неговиот имот за десет пати само со една одлука, само со еден потпис.

На оваа локација му се овозможува на Анѓушев, поточно на фирмите Energy delivery solutions и Hidro holding односно Мали Хидроелектрани Тополки ДОО да градат хидро електрична централа со придружни објекти. Овие фирми колку и да сака Анѓшушев да не ги признава, се управувани од братот на Кочо Анѓушев, Тодор Анѓушев.

Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење.

Прво, Владата го чести својот министер со зголемување на вредноста на имотот за најмалку десет пати.

Второ, се овозможува неговиот брат на досега земјоделско земјиште да гради хидро електрична централа и на тој начин да го зголемува својот бизнис и своето богатство. Ова неодоливо потсетува на струмичката шема која ја воведе Заев кога овозможуваше бизниси на семејните фирми.

Трето, целата одлука на владата е крајно сомнителна и нелегална бидејќи оваа одлука за покачување на вредноста на земјиштето е направена 23 дена откако беа распишани изборите и откако владата практично е ограничена и не смее да носи вакви одлуки.

Додека економијата доживува крах, додека стопанството е пред колапс, додека стандардот на граѓаните паѓа, додека растат цените на производите, а просечната плата се намалува, додека се бркаат инвеститори, само семејните бизниси на Зави и Анѓушеви цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.

Граѓаните ќе застанат на патот на овие бизнис картели вгнездени во власта. Тоа ќе го направат на престојните локални избори кога ќе им испорачаат катастрофален пораз. Тоа ќе биде казната за нивната неодговорност и негрижа за потребите на граѓаните, но и казна за нивната алчност и користење на позициите за лично и семејно богатење“, изјави Светлана Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450