А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Шеќеринска набавува морски плодови за 80.000 евра, а за војниците нема мрднато со прст

by А1он17/09/2017 - 11:4417/09/2017 - 11:50146
Share0

„Шеќеринска пред само 10 тина дена изврши набавка на лешници, бадеми и ф‘стаци, за потребите на нејзината трпеза во министерството за одбрана. Тој луксуз граѓаните ги чинеше дури 5.000 евра.

Следете a1on на Instagram Instagram

Сега почитувани граѓани, на електронскиот систем за јавни набавки стои оглас за набавка на морски плодови, според кој договорен орган е Министерството за одбрана со кое што раководи Радмила Шеќеринска. Проценетата вредност без ДДВ изнесува точно 4.860.952,00денари, односно околу 80.000 евра.

Без грам срам, надвор од човечкиот разум, Шеќеринска набавува морски плодови во вредност од 80.000 евра, а за потребите на војниците нема мрднато со мал прст.

Па ова го нема никаде почитувани граѓани.

Следете a1on на Youtube YouTube

Со ваквиот начин на работење Зоран Заев и Радмила Шеќеринска за брзо време ќе ја испразнат државната каса и ќе ја доведат државата пред колапс и целосен банкрот. Пари за покачување на пензиите на пензионерите, нема. Скратија 1.5 милијарди денари за образованието. Пари за покачување на просечната плата нема, а има за морски плодови, апетисани, лешници, саксиски цвеќиња и многу други непродуктивни работи од кои граѓаните немаат никаква придобивка.
ВМРО-ДПМНЕ неколкупати јавно го предупреди Заев и неговата недомаќинска влада да престанат да се однесуваат расипнички и да ги трошат парите на граѓаните за да ја задоволат сопствената жед за луксуз и комотен живот.

Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа неодговорната политика на неспособна влада на СДС и Заев. Поради негрижата, неспособноста и неодговорноста граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Зоран Заев и СДС. Граѓаните ќе му кажат НЕ на расипникот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и екипата околу нив“, изјави Милош Милошовски.

dpmneodbranasdsm

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:43

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 13:31

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

Катерина Ѓуровски02/10/2026 - 11:58

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Катерина Ѓуровски01/10/2026 - 09:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео