ВМРО-ДПМНЕ: Нудиме изборни програми како одговор на реалните потреби на граѓаните

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе понуди конкретни и опсежни програми кои ќе бидат одговор на реалните потреби на граѓаните.

Граѓаните ќе ја видат и воочат разликата меѓу фер и издржана понуда и лаги и манипулации. Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ се одговорни, вредни и докажани како врвни професионалци во своите професии.

Актуелните градоначалници кои се кандидирани повторно зад себе имаат реализирано многу проекти во корист на сите граѓани. Кандидатите што се промовираат за првпат се успешни и угледни граѓани почитувани во своите места.

Програмите што се нудат се најдобрите кои се понудени на овие избори, со издржани и конкретни проекти. Локалниот економски развој е приоритет во програмите на сите кандидати. Индустриските зони го вратија животот во општините. Формирањето на нови индустриски зони ќе обезбедат повеќе вработување и повеќе приходи за населението.

ВМРО-ДПМНЕ за секоја општина има конкретна програма за развој на секое место кое ќе прерасне во убаво и достојно место на живеење.

ВМРО-ДПМНЕ како и досега ќе инвестира во градба на водоводи и канализациони системи, улици, училишта и градинки. Поудобниот живот на граѓаните и решавањето на проблемите во секојдневието е задача на секој градоначалник. Зачувувањето на животната средина, градењето на нови паркови, создавање на зелени појаси, игралишта и сали за младите се дел од приоритетите на новите градоначалници која ќе донесе подобар живот.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во своите програми не ветуваат нереални проекти. За разлика од кандидатите на СДС кои како и на централно ниво ветуваат се и сешто, но од работењето на Владата во овие 100 дена видовме дека ништо од ветеноте не можат и не сакаат да исполнат.

На изборите на 15-ти октомври граѓаните ќе ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат проверени личности со интегритет и углед, а ќе ги казнат политиките на СДС кои се покажаа како погубни за Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ