Крцкави пилешки стапчиња со лут сос од мед …
Потребно е:
околу 450 гр пилешко бело месо
околу 100 гр брашно
околу 150 гр лебни трошки
3 јајца
сол и бибер, по вкус
1 рамно лажиче мелена лута црвена пиперка
за сосот:
50 гр мед
100 гр сенф
1 лажица лут сос од пиперки (Табаско, Sriracha)
Подготовка:
– Пилешкото месо исечете го на стапчиња со дебелина околу 2 см.
– Земете три длабоки чинии и во едната ставете брашно, пола лажиче сол и малку бибер, во втората чинија ставете ги лебните трошки и мелената црвена пиперка, а во третата изматете ги јајцата.
– Секое парче пилешко месо прво увалкајте го во брашното, па во јајцата и на крај во лебните трошки. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути или додека да добијат убава златно боја.
– За сосот помешајте ги медот, сенфот и лутиот сос.
– Послужете ги уште топли со лутиот сос како додаток и свежа салата.