Брзи за подготовка, неодоливи и веднаш ќе ги снема …
Потребно е:
250 гр брашно
250 гр фета сирење
250 гр путер, на собна температура
прстофат сол
бибер
свеж власец
јајце, за премачкување
сусам, ким – за посипување
Подготовка:
– Во еден подлабок сад издробете го фета сирењето и измешајте го со путерот (оставете полна лажица од путерот на страна). Додадете сол, бибер и ситно сецканиот власец.
– Потоа додадете го брашното и замесете тесто. Тестото ќе биде густо и лепливо.
– Тестото ставете го на набрашнета работна површина и со раце или сукало развлечете го во форма на правоаголник. Намачкајте го со путер, а потоа преклопете го и повторно развлечете го. Истата постапка повторете ја додека да го потрошите целиот путер што го оставивте на страна.
– Потоа тестото замотајте го во пластична фолија и оставете го да стои неколку часа во фрижидер.
– Ставете го тестото на набрашнета работна површина и развлечете го со дебелина околу 1 см.
– Со модла или чаша вадете погачици и наредете ги во тава обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со разматено јајце и посипете ги со сусам, ким или по желба.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути или додека да добијат убава златно-кафена боја.