Антиќ секогаш со „срце на терен“ за Црвена звезда

Од:

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ од денеска и официјално е со својот старо-нов клуб белградска Црвена звезда.

Во своето прво интервју пренесено на официјалниот сајт на Црвена звезда, Антиќ говори за причините поради кои се решил да се врати во Белград, како и очекувањата за новата сезона.

– Менаџерот и управата на Фенербахче го бараа најдоброто решение за мене, имав загарантиран договор, но имав дилема, дали да останам, да уживам во богатиот договор, или да играм и да бидам среќен некаде на друго место. Кога се појави Црвена Ѕвезда, не се двоумев ниту една секунда, иакко имав понуди, можев да имам подобар договор во Евролигата, петпати повеќе пари во Кина. Секогаш сакав да играм за Црвена Звезда. Видов дека е вистинскиот проект, дека можам да помогнам, јас не сум финансиски товар за клубот, бидејќи Фенербахче ќе плати голем дел од тој договор”, вели Перо Антиќ.

Антиќ кој по неговиот прв настап во црвено-белиот дрес направи одлична кариера вели дека претстојната сезона нема да биде ни малку лесна.

– Кога играш за Црвена звезда, секогаш постои голем притисок. Свесен сум дека во текот на сезоната ќе има многу падови и успони, а притисокот ќе биде најголем на нас поискусните играчи. Меѓутоа. Знаејќи колку навивачите не сакаат и поддржуваат, убеден сум дека ние ќе сториме се да им возвратиме. Што се однесува до мене, сите добро ме познаваат, а ја знаат и мојата парола „секогаш срце на терен“, изјави Антиќ кој во новата сезона ќе ја носи 12-ката на црвено-белиот дрес.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос