ОИК Врапчиште: Поднесени шест кандидатури за градоначалник и седум листи

Од:

Во Врапчиште, втората по големина гостиварска општина на престстојните избори во трка влегуваат седум политички партии и коалиции.

Од општинската изборна комисија на Врапчиште соопштија дека до истекот на рокот за пријавување, до нив од политичките партии биле доставени кандидатури за градоначалник на општина: Демократска партија на албанците (ДПА) Сами Алиу, Демократската унија за интеграција (ДУИ) Гајур Рушити, Алијанса за Албанците Исен Џемаили, Движење Беса, Реџеп Реџепи, Демократската партија на Турците (ДПТ) и коалицијата „Живот во Македонија за сите“ предводена од СДСМ, Даут Демири.

Освен за градоначалник, од овие партии поднеле и листи со кандадидати за 19 членови во општинскиот совет. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе настапи само со советничка листа.

Од ОИК Врапчиште, информираа дека од денес, ги разгледуваат поднесените кандидатури и проверат дали се исполнети прописите од Изборниот законик. По донесувањето на решенијата, партиите ќе имаат 48 часа за отстранување на евентуалните неправилности, по што ОИК ќе ги потврди или отфрли кандидатурите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Аднан Азизи избран за шеф на Централниот изборен штаб на ВЛЕН за локалните избори

Локални избори во Хрватска: Излезноста на гласачите до 16.30 часот е 23,45 отсто

ЛДП со поддршка за измените на Изборниот законик и заштита на правото на кандидирање на независни листи

Мицкоски:Очекуваме голема победа на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски