Во Битола промовирана книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од Зоран Пејковски

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Битола присуствуваше на промоцијата на книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од новинарот и театарски критичар Зоран Пејковски кој оваа публикација ја посвети на неодамна починатиот македонски режисер Владо Цветановски.

Станува збор за книга во која се поместени театарски критики за претставите кои Цветановски ги режирал во НУ Народен театар-Битола, како и интервјуа со Цветановски кои ги реализирал авторот Пејковски.

– Среќна сум што присуствував на промоцијата на оваа книга од авторот Пејковски, дело посветено на Владо Цветановски, на мисијата на Владо Цветановски – личност што остави и ќе остави значителен белег во театарот. Цветановски беше многу умерен и длабоко посветен во својата работа, живееше за театарот и сонуваше за театарот и затоа верувам дека сите ние ќе продолжиме да ги негуваме неговите човечки доблести и секако неговите професионални дострели, истакна министерката Канческа Милевска.

Книгата „Театарот е фабрика за соништа“ од авторот Зоран Пејковски ја промовираа Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола Златко Жоглев, градоначалникот Владимир Талески и директорот на битолскиот театар Валентин Светозарев.

– Книгата е значајна заради тоа што содржи повеќе елементи. Авторот кондензирано го сместил во една книга најважното што заслужува почит кон човекот кој физички не е меѓу нас, за Владо Цветановски чија душа сведочи за се што оставил и направил за театарот, истакна ректорот Жоглев.

Според градоначалникот Владимир Талески режисерот Владо Цветановски бил човек мотиватор за многу млади луѓе, пријател, учител, професор и голем режисер.

– Владе Цветановски е една енергија која што тешко може да се повтори. Прераното постоење на овој физички материјален свет не значи крај. Потсетувањето на Владе Цветановски значи висока одговорност бидејќи ни кажа на сите зошто театарот значи живот, а тоа што книгата се промовира на „Нова сцена“ всушност значи осветување на ново театарско место, истакна Талески.

Директорот на битолскиот театар Валентин Светозарев нагласи дека книгата на Пејковски може да послужи како учебник за театарска критика.

– Мислам дека има една алармантна ситуација во новинарската фела односно ние немаме критичари што ќе го оценат нашиот труд. Оваа книга е историја за нашиот театар иако е осамено цвеќе во за жал театарската критика во Македонија, толку длабока и толку инспиративна, рече Светозарев.

На свечената промоција на книгата „Театарот е фабрика за соништа“ авторот Зоран Пејковски истакна дека е убеден оти со оваа книга овозможил вечно сеќавање за Цветановски и на неговите претстави режирани и одиграни на сцената на НУ Народен театар-Битола.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

„Ние, луѓето“-премиера

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата