ВМРО-ДПМНЕ: Главна работа на МВР – заплашување на граѓаните за гласот да го дадат за СДС

Од:

„Заев нарача, Спасовски спроведува, а Филип Темелковски потврдува, на локалните избори на 15-ти октомври СДС не планира да спроведе фер избори. Спасовски спроведува полициска држава по нарачка на Заев во која сите институционални апарати кои треба да работат за граѓаните меѓу кои и МВР ќе работа само за подобар резултат на изборите на СДС.

Стравот е чувство кое разорува, а во нашиот случај стравот од пораз на изборите на СДС целосна ја разорува македонската држава. Стравот ги разорува институциите и ја партизира полицијата. Наместо професионални институции и професионална полиција добивме партиска полиција која работи по наредба на Заев.

Полиција која поднесува неосновани кривични пријави против политичките противници на Заев и СДС. Откако Спасовски е на чело на МВР не постои ниту еден крупен случај на спречување на организиран криминал. МВР има капацитет, но неспособните партиски кадри кои ги постави Спасовски на раководни функции немаат капацитет за професионално работење.

Резултат на кадровските политики на Спасовски и Заев беше пукањето во двајца малолетници во Струмичко, резултатот неспособноста на кадрите на СДС е и не разрешувањето на убиството во среде бел ден во Струга и сквернавењето на православните гробишта во Љуботен.

Заплашувањето на граѓаните и притисоци над гласачите за својот глас да го дадат за неспособниот СДС стана главна работа на МВР.

Ова нема да трае уште долго јавноста и граѓаните се свесни за капацитетот односно немањето капацитет на оваа влада. Изборите се ближат и токму на 15 октомври граѓаните ќе и кажат збогум на неспособната влада на СДС. Катастрофалниот пораз кој ќе го доживеат ќе ги делигитимира и потоа предвремените парламентарни избори ќе бидат неизбежни. На предвремените парламентарни избори ќе бидат делегитимирани сите антидржавни политики на оваа катастрофална влада со апсолутната победа на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО