Пет лица починале во дом за стари лица во Флорида, откако останале без струја

Од:

Пет лица починале во дом за стари лица во Флорида, откако останале без струја, во деновите по налетот на ураганот Ирма.

Локалната полиција соопшти дека од домот претходно биле евакуирани 120 стари и немоќни луѓе, откако ураганот предизвика прекин на струјата, што го запре и работењето на клима уредите и другата техника.

Тројца од починатите биле најдени мртви во домот, додека други две лица починале во болницата во Мајами.

Безмалку десет милиони луѓе се уште немаат струја, во Флорида, но и во соседните сојузни држави- Џорџија, Северна и Јужна Каролина.

Во Флорида со немањето струја не се погодени само домовите за стари луѓе, туку и живеалиштата, како и бројни повеќекатници во кои стари, немоќни и болни лица не само што немаат услови за живот, немаат клима уреди, туку и поради блокираните лифтови не можат да се симнат долу и да примат помош и лекарска нега.

Властите настојуваат да им помогнат, за да не дојде до ситуации како во домот со старите лица, но претставник на полицијата изразил стравување дека не ќе може до сите навреме да се дојде, затоа што се верува дека во ваква ситуација се наоѓаат околу 15 илјади лица.

Весникот „Мајами Хералд“ пишува дека на сите овие луѓе итно им е потребна помош и предупредува дека Ирма, иако сосема се повлече, се уште „убива“ и се заканува.

Според официјалните податоци, само на Флорида, досега се регистрирани 12 загинати.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски