СДСМ Прилеп: Прилепчани одат до крај! Режимот ќе биде скршен!

Од:

„Со никакни лаги, манипулации и извртувања неможете повеќе да го задскриете и маскирате, диктаторскиот и фашистички начин на владеење. Вчерашните расправии и тепачки помеѓу видните фунционери во вашиот Општински комитет, само го потврдуваат распадот на режимот на Груевски и фамилијата.

– Сојузот за иднината, никогаш повеќе нема да учествува во фарсите на донесување локален буџет кој е тесно врзан со државниот „пендрак-буџет“, на Груевски, Јанкуловска и Благородна Дулиќ, за која прилепчани се мајмуни.

– Марјан Ристески, Ана Лашкоска, Димитар Стевананџија и Миле Јанакиески до денес не се оградуваат од тепањето пратеници, меѓу кои и бремени жени. Не им се извинуваат на прилепчани за навредата дека се мајмуни, а токму затоа наскоро прилепчани ќе ги избришат од политичкиот живот.

– Прилепчани имаат право да знаат, дали токму Ристески, Лашкоска, Стевананџија и Јанакиески се режисерите на монтруозниот чин, со кои нивни партиски војник влета во толпа народ?

– Со инцидентите кои ги смислувате директно во врвот на ДПМНЕ, нема да ги сокриете бедата, сиромаштијата и немањето на остварливи проекти. Отпорот продолжува! Прилепчани одат до крај! Секој ден сме побројни! Режимот ќе биде скршен! МАКЕДОНИЈА НАД СЕ“, велат од СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски